İlayda Çakırtekin, Mariam Ashalem De Andres
07 Август 2026•Ажурирано: 07 Август 2026
ИСТАНБУЛ (АА) – Околу 14 лица се повредени во силна експлозија што се случи вчера во рудник за злато во општината Мармато, во колумбискиот департман Калдас, по што е започната спасувачка операција, јави локалниот медиум „Нотисијас Каракол“, јавува Анадол.
Според известувањата, експлодирала постројка за преработка на руда на влезот од рудникот во областа Сан Педро.
На местото на настанот се распоредени итни служби, меѓу кои и припадници на Националната агенција за рударство на Колумбија, додека надлежните го утврдуваат бројот на повредени лица и причината за експлозијата, пренесуваат локалните медиуми.
Командантот на противпожарната служба во Мармато изјави дека ситуацијата е ставена под контрола и се проверува дали има уште повредени лица.
Засега не е позната тежината на повредите на настраданите, ниту дали експлозијата однела човечки животи.