Zehra Ulucak
12 Јануари 2018•Ажурирај: 13 Јануари 2018
КАРАКАС (АА) - Во бродската несреќа шшто се случи во Карипското Море животот го загубија 4 лица, а 28 се водат за исчезнати, јавува Anadolu Agency (AA).
Регионалниот директор за цивилна заштита на Венецуела, Хозе Монтано изјави дека бродот кој испловил од Венецуела и се упатил кон островото Курасао кој е дел од Холандија, потонал во Карипското Море.
Монтано изјави дека на бродот се наоѓале 34 лица, информирајќи дека во несреќата животот го загубиле 4 лица, а две лица успеале пливајќи да пристигнат до брегот на островото Курасао.
Во изјавата на Монтано се наведува дена во тек е операција за пронаоѓање на 28-те исчезнати лица кои се наоѓале на бродот.