Jeyhun Aliyev
26 Април 2019•Ажурирај: 27 Април 2019
САО ПАУЛО (AA) – „Машко лице кое поради поврзаноста со терористичката организација ФЕТО го бара Турција се наоѓа во притвор во Бразил од 5 април, кога се вратил од Соединетите Американски Држави (САД)“, соопштија локалните власти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Турција побара испорачување на Али Сипахи поради неговите врски со терористичката организација ФЕТО.
„Врховниот суд на Бразил на 19 март наложи испорачување на Сипахи“, соопштија бразилските власти.
„Тој е уапсен на аеродромот „Гуарулхос“ во Саун Пауло“, се вели во полицискиот извештај, кој го објавија локалните медиуми.
Се додава дека за неговото испорачување на Турција ќе одлучува Врховниот суд на Бразил, а дека судијата Едсон Фачин неговото сослушување го закажал за 3 мај.
Според информациите достапни за јавноста на интернет-страницата на Министерството за правда на Бразил, Сипахи, кој живее во таа земја од 2007 година, добил бразилско државјанство на 13 октомври 2016 година.
Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за државен удар во Турција ноќта на 15 јули 2016 година. Во текот на обидот за државен удар загинаа 251, а ранети се околу 2.200 лица.
Станува збор за терористичка организација која ја предводи Фетула Ѓулен, кој престојува во САД, а чие испорачување Турција официјално го побарала од САД.