Muhammed Emin Canik
07 Октомври 2022•Ажурирај: 08 Октомври 2022
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Бразил, Мексико и Аргентина не гласаа за декларацијата со која Организацијата на американски држави (OAS) ги осудува руските напади врз Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Лима, Перу, се одржува 52. седница на Генералното собрание на ОАС, на која се гласаше за декларација со која се осудува рускиот напад врз Украина, со која се бара прекин на тие напади, повлекување на руските сили од Украина и иницирање на мировни преговори.
Декларацијата ја поддржаа 24 членки на таа организација, меѓу кои САД, Канада, Чиле и Колумбија, додека нејзиното усвојување не беше поддржано од Бразил, Аргентина и Мексико.
„Најостро кажано, од Руската Федерација се бара да ги исполни своите обврски според меѓународните човекови права и хуманитарното право и веднаш да стави крај на сите прекршувања на човековите права во Украина“, се вели во декларацијата.