Övünç Kutlu
07 Март 2022•Ажурирај: 07 Март 2022
АНКАРА
САД и нејзините сојузници се во „активни“ разговори за забрана на увоз на руска сурова нафта, соопшти доцна синоќа американскиот државен секретар Ентони Блинкен, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во многу активни разговори сме со нашите европски партнери за забрана на увоз на руска нафта во нашите држави, додека се разбира во исто време одржуваме стабилно глобално снабдување на нафта“, рече тој за американскиот телевизиски канал „NBC“.
Блинкен рече дека разговарал со претседателот Џо Бајден и водечките членови на Кабинетот на оваа тема во сабота.
За тоа дали САД ќе воведат унилатерална забрана за руската сурова нафта, Блинкен рече: „Белег на сѐ што направивме досега беше оваа координација со сојузниците и партнерите“.
По коментарите на Блинкен, цените на сурова нафта преку ноќ се зголемија за 10 проценти.
Суровата нафта „Брент“, рано во понеделникот скокна на 130,89 долари. Американскиот Вест Тексас Интермедиејт скокна на 130,33 долари. Според официјалните бројки, и двете го забележаа највисокото ниво од 22 јули 2008 година.
Зголемувањето на цените стана главен проблем за американските потрошувачи.
Минатата недела цените на бензинот во САД се искачија на нивното највисоко ниво во последните десет години. Националниот просек изнесуваше 3,837 долари за галон за обичен бензин, што е највисока цена од септември 2012 година.