Dildar Baykan Atalay
27 Јули 2023•Ажурирај: 28 Јули 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Координаторот за стратегиски комуникации на Советот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД), Џон Кирби, рече дека украинската контраофанзива против Русија не е во застој, но не напредува доволно брзо, јавува Анадолу.
„И украинскиот претседател Владимир Зеленски, исто така, рече дека процесот не напредува толку брзо колку што тие би сакале. Тие не можат да напредуваат како што сакаат“, истакна Кирби пред новинарите во Белата куќа.
Потенцирајќи дека САД нема да заземат став по ова прашање, Кирби рече дека Украина сепак напредува и дека тука не станува збор за застој.
Понатаму, тој истакна дека САД досега ѝ ја обезбедиле бараната помош на Украина и порача дека Вашингтон ќе продолжи да ги обезбедува сите потреби на Украина за контранападот.
Од друга страна, американскиот државен секретар Ентони Блинкен на 23 јули изјави дека Украина повратила половина од својата територија од Русија и дека контранападот само што започнал и дека ќе се обликува за неколку месеци.