Diyar Güldoğan
19 Јуни 2026•Ажурирано: 19 Јуни 2026
Белата куќа соопшти дека потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, вчера го одложил своето заминување за Швајцарија, бидејќи сè уште не се усогласени логистичките детали за претстојните технички преговори со Иран, јавува Анадолу.
„Како што стојат работите сега, потпретседателот на САД нема да замине вечерва“, изјави портпаролот.
Се очекуваше Венс да отпатува за Швајцарија во рамките на дипломатските напори за унапредување на дијалогот со Иран.
„Како што изјави потпретседателот на својата прес-конференција, плановите за претстојните технички преговори не се финализирани, а американската делегација беше подготвена да замине во првата наредна прилика. Но, логистиката на овие преговори никогаш не била едноставна ниту предвидлива“, рече портпаролот.
САД со нетрпение очекуваат да ги започнат техничките преговори „што е можно поскоро“, додаде портпаролот.
Венс за новинарите изјави дека планира да замине во Швајцарија, како и дека техничките преговори со Иран би можеле да започнат „овој викенд“.
„Планирам да отпатувам за Швајцарија. Што се однесува до точниот тајминг, очекуваме овие технички преговори да започнат во текот на овој викенд. Тоа е сè уште во план, но подлежи на измени бидејќи Иран е специфична земја кога станува збор за усогласување на заминувањето на нивната делегација. Поради тоа, во моментов го утврдуваме точниот тајминг. Претпоставувам дека тоа ќе биде овој викенд, но не со целосна сигурност“, изјави тој.