Irmak Akcan
04 Септември 2023•Ажурирај: 05 Септември 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Џо Бајден, изјави дека е разочаран што кинескиот претседател Си Џипинг нема да присуствува на Самитот на лидерите на Г-20 во Њу Делхи, известува Анадолу.
Обраќајќи им се на новинарите во Делавер, Бајден рече дека Си нема да присуствува на Самитот на лидерите на Г-20, кој е закажан за 9 и 10 септември.
„Разочаран сум, но подоцна ќе се состанам со него“, рече Бајден, кој не откри каде и кога ќе се сретне со кинескиот претседател.
Бајден, кој треба да го посети Виетнам пред Самитот на Г-20 во Индија, порача дека сака блиски односи и координација со двете земји.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, на дневната конференција за новинари одржана денес во Пекинг, најави дека премиерот Ли Kианг ќе ја претставува Кина на Самитот.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, исто така, изјави дека нема да може да присуствува на Самитот на лидери Г-20.