Dildar Baykan Atalay
09 Јуни 2022•Ажурирај: 10 Јуни 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека причина за зголемениот прилив на бегалци во САД е влошувањето на глобалната економија поради војната што ја започна рускиот претседател Владимир Путин против Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на Самитот на Америка во Лос Анџелес, Калифорнија, Бајден рече дека демократијата е најважниот фактор во развојот и дека демократијата треба да биде поддржана со соработка меѓу земјите.
Осврнувајќи се на приливот на бегалци во САД, особено од Централна и Јужна Америка, Бајден рече:
„Глобалните инфлациски притисоци се влошија со бруталната војна на Путин против Украина. На семејствата им беше потешко да ги задоволат своите потреби. Сиве овие фактори предизвикуваат прилив на бегалци во западната хемисфера.“
Тој, исто така, рече дека е воспоставено ново економско партнерство со земјите на Америка, што ќе им помогне за подемот на економиите.
Многу демонстранти протестираа против американскиот претседател во областите каде што минуваше неговиот конвој.