Mustafa Deveci
26 Јуни 2019•Ажурирај: 27 Јуни 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) – Властите во Бахреин, кои им издадоа виза на израелските новинари за да ја следат економскиот собир за Палестина, во главниот град Манама, на дописникот на Anadolu Agency (AA) не му дозволија да влезе во земјата, кој сакаше да го следи настанот.
Есат Фират, дописникот на Anadolu Agency (AA) од Ерусалим, на 23 јуни отпатувал во Бахреин за да го следи собирот за Палестина насловен како „Мир за благосостојба – Западен Брег, Појасот Газа и економски развој и инвестиции во областа“, која започна вчера во Манама. Но, на меѓународниот аеродром во Бахреин од одговорните лица на аеродромот му бил одземен пасошот кој овозможувал да влезе во земјата без виза.
Претставници на Бахреин, и покрај иницијативите од страна на сите дипломатски канали, на дописникот на АА не му дозволија да влезе во земјата со образложение дека нема акредитација.
Зборувајќи за темата, Фират рече дека на аеродромот властите на Бахреин го третирале како криминалец и сѐ додека не се качил во авионот за враќање во Турција, бил придружуван од страна на овластено лице.
Истакнувајќи дека претставници на Бахреин пасошот не му го вратиле сѐ додека стигнал до вратата на авионот, Фират рече дека за акредитација, неколку дена пред почетокот на работилницата контактирал со Министерството за надворешни работи и со Министерството за комуникации на Бахреин, меѓутоа, и од двете министерства не добил ниту негативен ниту позитивен одговор.
Нагласувајќи дека со двете министерства контактирал и преку телефон и преку електронска пошта, Фират рече:
„Повеќепати се обидував да бидам акредитиран за работилницата, но Министерството за надворешни работи и Министерството за комуникации во Бахреин не ми дадоа виза. Отидов во Бахреин за да земам акредитација директно во Манама.“
- Бахреин ги угости израелските новинари -
Бахреин, кој не му дозволи на дописникот на АА да влезе во земјата под изговор дека нема акредитација, на седум новинари од Израел, со кој немаат дипломатски односи, им дозволи да го следат економскиот собир во Манама.
Дописникот на израелскиот „Канал 13“, Барак Равид, кој дошол во Бахреин за да го следи настанот, преку својот профил на Твитер сподели фотографија од хотел во Манама која предизвика внимание.
Во пораката што ја сподели заедно со фотографијата во која држи пиво во рака, Равид напиша: „Бахреин со либанско пиво... Еве го новиот Блиски Исток.“
Од друга страна, египетските власти, на погребот на Мухамед Морси, првиот демократски избран претседател на Египет, дозволија да присуствува само израелскиот официјален радиодифузер КАН.