Tufan Aktaş
23 Февруари 2017•Ажурирај: 24 Февруари 2017
АДИС АБЕБА (АА) - Во етиопскиот главен град Адис Абеба, во седиштето на Африканската унија, Комисијата за мир и безбедност при Советот на министри на Унијата одржа состанок на тема „Заштитата на децата од војната и слобода на движење на производи и лица на континентот”, јавува Anadolu Agency (AA).
Состанокот се одржа зад затворени врати. Пред почетокот на состанокот, министерката за надворешни работи на Руанда, Луис Машикивабо на новинарите им даде информации околу агендата на состанокот.
„Во Африка се наоѓаат 40 отсто од децата војници во светот”, изјави Машикивабо, истакнувајќи дека е потребно преземање на итни чекори за решавање на овој проблем.
Пред состанокот беа поделени брошури во кои се нагласува дека денешните војни формираат нови закани врз животите на децата.
- „Децата и сексуално се експлоатираат” -
Во брошурите на Африканската унија се наведува дека секое лице под 18 години влегува во категоријата „дете”. Во него се истакнува дека децата од африканскиот континент, покрај тоа што се користат како војници во војните, се користат и за шпионирање и сексуална експлоатација.
Во брошурите се наведува дека според извештајот кој во 2015 година го објавија ОН, светот од 57 вооружени групи кои користат деца, 29 се наоѓаат во 7 африкански земји.
Меѓу земјите од Африка се: Централноафриканска република, Мали, Судан, Јужен Судан, Демократска Репубилика Конго, во кои активности спроведуваат „Господовата армија на отпорот“, Боко Харам во Нигерија, Еш-Шабаб во Сомалија, како и Анти-Балака која делува во Централноафриканската република и земји во кои делуваат одредени терористички организации.