Ahmed Asmar
13 Октомври 2023•Ажурирај: 14 Октомври 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Арапската лига денес го повика генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, да интервенира за да се спречи евакуацијата на жителите на Газа, пренесува Анадолу.
Апелот на генералниот секретар на Арапската лига, Ахмад Абул Геит, до Гутереш доаѓа по барањето на израелската армија целото население на Газа и нејзините северни делови да се пресели во јужниот дел на Газа.
Абул Геит го опиша израелскиот потег како „воено злосторство што Израел планира да го изврши, како дел од својата срамна крвава кампања против Појасот Газа“.
Генералниот секретар на Арапската лига нагласи дека планот за евакуација на Израел „ќе доведе до неограничено страдање за палестинските браќа во Газа“.
Тој истакна дека барањето на Израел јасно ја прекршува Четвртата женевска конвенција, со која се забранува присилно движење на населението.
Абул Геит го повика Советот за безбедност на ОН да го осуди овој израелски план и да го запре неговото спроведување.
Израелската војска синоќа ги извести ОН дека целото население на Газа северно од Вади Газа треба да биде преместено во јужниот дел на Газа во следните 24 часа, рече портпаролот на ОН, Стефан Дујарик.