Murat Ünlü
04 Септември 2017•Ажурирај: 05 Септември 2017
ПАРИЗ (АА) - Продолжува да паѓа стапката на задоволство на јавноста во Франција во врска со претседателот на државата, Емануел Макрон, јавува Anadolu Agency (AA).
Анкетата што ја спроведе агенцијата за истражување на јавното мислење „YouGov France“ (ЈуГов Франс), бројот на Французите кои се задоволни од Макрон, кој на власт дојде во мај годинава, продолжува забрзано да се намалува заклучно со крајот на август.
Јавната поддршка за претседателот Макрон (39), која во јули изнесуваше 36 отсто, падна на 30 отсто.
Според истата анкета, премиерот Едуард Филип, кој во јули имаше поддршка од 37 отсто во јавноста, сега е намалена на 32 отсто.
Доколку се спореди состојбата на Емануел Макрон со претходните претседатели Франсоа Оланд и Николас Саркози, може да се забележи дека тој има многу побрз пад на јавната поддршка.
Претседателот Макрон, кој повремено има недоразбирања со медиумите, изминатиот месец направи неколку стратешки измени во односите со медиумите. Францускиот претседател именуваше нов портпарол за медиуми и донесе одлука за одржување на периодични прес-конференции.
Се претпоставува дека на падот на јавната поддршка за претседателот Макрон влијаел и владиниот план за измена на Законот за работните односи.