свет

Американските сили ја следат патеката на заталканата вселенска ракета

Портпаролот на Пентагон, Мајк Хауард, изјави дека се очекува заталканата кинеска ракета да падне на тлото на 8 мај, и дека американските сили ја следат нејзината траекторија

Kasım İleri  | 05.05.2021 - Обновена : 06.05.2021
Американските сили ја следат патеката на заталканата вселенска ракета

ВАШИНГТОН (АА) - Командата на вселенските сили на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека внимателно ја следи траекторијата на заталканата кинеска ракета во орбитата на Земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Кинеската ракета „Лонг марч 5Б“ (Long March 5B) излезе од контрола и се очекува да падне на Земјата викендов.

Портпаролот на Пентагон, Мајк Хауард, изјави дека се очекува заталканата кинеска ракета да падне на тлото на 8 мај, и дека американските сили ја следат нејзината траекторија.

Тој рече дека сè уште не може да се предвиди каде ракетата би можело да падне на Земјата и дека тоа ќе биде можно да се процени само неколку часа пред нејзиниот пад.

Кинеските власти минатата недела соопштија дека лансирале ракета со опрема за нивната вселенска станица.

Потоа, ракетата излегла од контрола, а некои нејзини делови изгореа во вселената. Светската јавност е загрижена поради неизвесноста каде би можело да падне трупот на ракетата тежок 22 тони.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın