Американскиот секретар за финансии: Вашингтон има многу пари за финансирање на војната во Иран
Бесент ги бранеше нападите врз иранската инфраструктура велејќи дека „понекогаш мора да ескалирате за да деескалирате“ и додаде дека овие напади се „единствениот јазик што Иранците го разбираат“
ИСТАНБУЛ (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) имаат „доволно пари“ за финансирање на тековната војна против Иран, изјави американскиот секретар за финансии Скот Бесент, пренесува Анадолу.
Во интервју за „Ен-би-си њуз“ Бесент рече дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп не планира да ги зголеми даноците за да го покрие пријавеното барање на Пентагон од 200 милијарди долари за финансирање на војната во Иран.
„Зошто би ги зголемувале (даноците)? Имаме доволно. Имаме билион долари во годинашниот буџет за војската“, рече секретарот.
„Всушност, сега имаме многу пари за финансирање на оваа војна“, рече Бесент, без да го образложи изворот на средствата.
„Претседателот Трамп ја зајакна војската, како што направи во неговиот прв мандат, а како што прави и сега во вториот мандат. Тој сака да се осигури дека војската ќе биде добро снабдена во иднина.“
Бесент, исто така, ги бранеше нападите врз иранската инфраструктура, велејќи дека „понекогаш мора да ескалирате за да деескалирате“ и додаде дека овие напади се „единствениот јазик што Иранците го разбираат“.
Американско-израелските напади врз Иран започнаа на 28 февруари и, според извештаите, досега се убиени најмалку 1.300 луѓе, меѓу кои и тогашниот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи.
Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив каде што се наоѓаат американски воени бази.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
