Mücahit Aydemir
13 Јули 2022•Ажурирај: 14 Јули 2022
КУДС (АА) – Американскиот претседател Џо Бајден пристигна во официјална посета на Израел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бајден пристигна во Тел Авив, главниот град на Израел, првата станица од неговата регионална посета на Израел, Палестина и Саудиска Арабија која ќе се реализира во периодот од 13 до 16 јули.
Тој пристигна на Аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив со авион од типот „Ер форс 1“, во кој се превезуваа американските претседатели.
Бајден беше пречекан со официјална церемонија од израелскиот претседател Исак Херцог, премиерот Јаир Лапид и поранешниот премиер Нафтали Бенет.
Ова е прва посета на американскиот претседател Бајден на Израел откако стана претседател.