Mustafa Deveci
11 Октомври 2018•Ажурирај: 12 Октомври 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Американската студентка Лара Алкасем (22) денес излезе пред суд, откако не ѝ беше дозволено да влезе во оваа земја поради нејзиното наводно пружање поддршка на кампањата за бојкот на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Поради споменатите тврдења, на студентката Алкасам на 2 октомври не ѝ било дозволено да влезе во Израел и оттогаш се наоѓа на аеродромот „Бен Гурион“. Алкасем не сакаше да се согласи со одлуката со која не ѝ се дозволува влез во земјата, и поради тоа се обратила до израелското правосудство.
Голем број локални и светски медиуми покажаа интерес за овој процес. На студентката Алкасем не ѝ е дозволен влез во Израел поради тврдењата дека ја поддржува кампањата под назив „Иницијатива за бојкот против Израел за Палестина“.
Адвокатот Јотам Бен-Билел, на рочиштето истакна дека не постојат доволно јаки докази, според кои би можела да се поништи студентската виза, која Aлкасем ја доби во израелскиот Конзулат во Мајами.
Тој нагласи дека Алкасем уредно ја уплатила таксата за продолжување на школувањето на Еврејскиот универзитет во Ерусалим.
„Како лице кое го направило сево ова, би можело да учествува во кампањата за бојкот на Израел“, праша адвокатот Бен-Хилел.
Локалните извори јавуваат дека процесот против младата студентка би можел да биде завршен во рок од два дена.
Лара Алкасем е државјанка на САД, дедо ѝ е Палестинец, а допатувала во Израел заради постдипломските студии.
Откако се обрати на судот, донесена е одлука Алкасем да не се депортира сѐ до крајот на судскиот процес.