Safvan Allahverdi
29 Мај 2019•Ажурирај: 29 Мај 2019
ВАШИНГТОН (АА) – Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Морган Ортагус, истакна дека се задоволни од тоа што изборите за Европскиот парламент (ЕП) завршиле успешно, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката Ортагус, во однос на изборите за Европскиот парламент (ЕП), даде писмена изјава.
Во соопштението, честитајќи им го на граѓаните од земјите членки на Европската Унија успешното завршување на изборите, Ортагус рече:
„Овие историски избори, на коишто гласаа милиони Европејци, се сметаат за најголема демократска вежба во светот. САД и Европската Унија имаат силно и трајно партнерство врз основа на заедничките демократски вредности, длабоките економски врски и лојалноста кон трансатлантските односи. Новите членови на Европскиот парламент на 2 јули ќе ги заземат своите места. Со нетрпение чекаме да работиме со нив и со лидерите на Европскиот парламент“.
Резултатите од четиридневните избори за Европскиот парламент во земјите членки на ЕУ веќе се познати. Лидерите на ЕУ се подготвуваат за процесот на договарање за претседателските позиции на институциите.
По изборите за ЕП, главна точка на дневниот ред на лидерите на 28-те земји членки на ЕУ се преговорите за избор на претседател на Европскиот совет, претседател на Европскиот парламент, претседател на Европската централна банка (ЕЦБ) и висок претставник на ЕУ за надворешни односи и безбедносна политика.