Hüseyingulu Hüseyinzade
04 Февруари 2022•Ажурирај: 09 Февруари 2022
ВАРШАВА
Полска ќе биде еден од најважните сојузници на Турција во Европа во блиска иднина, изјави денеска амбасадорот на Турција во Варшава, известува Агенција Анадолија (АА).
„Земјите вложуваат сеопфатни напори за понатамошно зајакнување на билатералните односи, со посебен фокус на трговијата и туризмот“, рече амбасадорот Џенгиз Камил Фират во интервју со Агенција Анадолија.
„Дипломатските односи, кои траат 600 години, имаат вродено плод и состаноците на високо ниво се во развој“, рече тој.
Обемот на трговијата во Турција и Полска достигна до 8,5 милијарди во 2021 година, движејќи се поблиску до целта од 10 милијарди долари, поставена од претседателот Реџеп Таип Ердоган, според амбасадорот.
Тој рече дека бројките од туризмот на двете земји се добар показател за нивните силни врски.
„Поради пандемијата со Ковид-19, бројот на полски туристи во Турција се симна на околу 150.000 во 2020, но повторно се искачи на 600.000 минатата година“, рече Фират.
„Турција е спремна да пречека уште многу туристи од Полска и ќе биде дестинација која ја избира полскиот народ“, додаде тој.
„Двете земји направија реципрочни инвестиции во различни сектори и сѐ уште има голем потенцијал во полињата како што се инфраструктурата, градежништвото и одбранбената индустрија“, рече амбасадорот.
Турските компании се особено заинтересирани за големи инфраструктурни проекти во Полска, што доведе до зголемено присуство на турски инвестиции во земјата, според Фират.
„Едукацијата е уште едно поле на зголемена соработка. Имаме околу 6.000 турски студенти кои минатата година се упатија во Полска, и работиме на тоа да обезбедиме уште повеќе полски студенти да дојдат во Турција“, рече тој.