Fatma Bülbül
07 Декември 2016•Ажурирај: 07 Декември 2016
АЛЕПО (АА) - Најмалку 53 цивили загинаа вчера во гранатирања на режимските сили врз северозападните делови на сирискиот град Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалниот претставник на цивилната заштита, Неџип Енсари, за АА потврди дека 200 цивили се ранети во нападите.
Вкупно 828 цивили се убиени во ова подрачје, во нападите на режимските сили, од средината на ноември оваа година.
Како резултат на интензивното бомбардирање, болниците и другите медицински објекти се прихудени да прекинат со работа.
Новите воздушни напади го потпомагаат обидот на силите на претседателот Башар ал-Асад со помош на Русија да ги вратат источните делови на Алепо, четири години откако беа заземени од оружената опозиција.
Војната во Сирија трае од 2011 година.