Dildar Baykan
31 Мај 2021•Ажурирај: 01 Јуни 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот актер Џо Лара (58), најпознат по улогата на Тарзан во американската телевизиска серија „Тарзан: Епски авантури“, во текот на викендот загина во авионска несреќа во американската држава Тенеси, заедно со уште шест други патници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Авионот „Цесна C501“ паднал во езерото Перси Прист во близина на градот Смирна, кратко откако полетал од аеродромот „Смирна Радерфорд“ во саботата околу 11:00 часот по локално време во близина на Нешвил, јавуваат локалните медиуми.
Сопругата на актерот, Гвен Шамблин Лара, автор и гуру за диета, исто така е меѓу загинатите.
Националниот одбор за безбедност во сообраќајот соопшти дека се претпоставува дека не преживеал ниту еден патник и дека се води истрага за да се утврдат причините за несреќата.
Лара исто така се појави во акционите филмови „Топлина на зајдисонце“, „Американски киборг: Челичен воин“, „Конечна рамноденица“ и „Пророкот“, и ТВ-серии вклучувајќи ги „Бејвоч“ и „Конан“.