Handan Kazancı
03 Ноември 2020•Ажурирај: 03 Ноември 2020
БАКУ (АА) - Ерменската Армија продолжува да трпи загуби при нејзините напади врз азербејџанските војници и населени места на неколку точки на фронтот и покрај прекинот на огнот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во текот на вчерашниот ден и синоќа, ерменските вооружени сили отворија оган врз позициите на единиците на азербејџанската Армија во различни правци на фронтот и нашите цивилни населби, користејќи разни видови лесно оружје, хаубици и минофрлачи“, се соопштува од Министерството за одбрана на Азербејџан.
„Воените операции продолжија главно во правец на Агдере, Хоџавенд, Зангилан и Губадли“, се додава во соопштението.
Се нагласува дека ерменските сили биле принудени да се повлечат поради загубите на војници и воени возила во некои области од фронтот.
„Во текот на денот и ноќта, уништени и онеспособени се голем број непријателски трупи, 4 повеќецевни ракетни фрлачи БМ-21 „град“, еден ракетен систем за противвоздушна одбрана „куб“, 9 различни видови на хаубици и 2 камиони со муниција“, се додава во соопштението.
Оттаму се нагласува дека азербејџанските војници ја следат оперативната ситуација во подрачјето.