Gözde Bayar
13 Јуни 2019•Ажурирај: 15 Јуни 2019
ВИЕНА
Владата на Австрија потврди дека ќе го затвори саудискиот Центар за меѓурелигиски дијалог во Виена, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за центар под називот Меѓународен центар „Крал Абдулах бин Абдулазиз“ за меѓурелигиски и меѓукултурен дијалог (KAICIID).
Владата, одлуката за затворање на Центарот ја донесе на барањето на пратениците на петте парламентарни партии во Австрија.
Австриската власт најмногу ја налути неодамнешното изрекување на смртна казна во Саудиска Арабија за Муртај Квуреирис. Станува збор за 18-годишник, кој во затвор веќе поминал пет години, бидејќи како 10-годишно дете учествувал на антивладини протести.
KAICIID обединува пет најголеми светски религии, а во 2012 година е основан од Австрија, Шпанија и Саудиска Арабија. Работата на Центарот е финансирана од Саудиска Арабија.