Ekipa
22 Март 2017•Ажурирај: 22 Март 2017
КАНБЕРА (АА) - Австралија стигна до завршната фаза од преселувањето на 12.000 бегалци од Сирија и Ирак, што беше ветено пред повеќе од една година, јавува Anadolu Agency (AA).
Петар Датон, министерот за миграција и заштита на границата, денес истакна дека сите 12.000 бегалци добиле визи, а од нив 10.000 веќе беа донесени од Блискиот Исток во бегалските кампови во Австралија. Остатанатиот дел од бегалците ќе биде преселен во наредните месеци.
Станува збор за бегалци кои ќе бидат прифатени заедно со 13.750 од нив кои Австралија секоја година ги прима во земјата.
Поранешниот премиер Тони Абот во септември 2015 година најави дека 12.000 бегалци ќе се преселат во Австралија, колку што е можно поскоро. Но, речиси една недела подоцна, на позицијата премиер го замени Малком Турнбул.
Питер Шерголд, генералниот координатор за преселувањето на бегалците во Нов Јужен Велс, најмногубројната држава Австралија, рече дека внимателно го спроведуваат просецот на преселување на бегалците.