Ikrame Imane Kouachi
04 Ноември 2023•Ажурирај: 06 Ноември 2023
АНКАРА (АА) - Amnesty International вчера повика на итен прекин на огнот во Појасот Газа бидејќи цивилите и понатака страдаат поради бомбардирањата и борбите во опколената енклава, известува Анадолу.
Безброј животи се уништени, распарчани и превртени наопаку поради кризата во Газа, Израел и ширум окупираните палестински територии“, се наведува во соопштението на Amnesty International, групата за човекови права и се додава:
„Со преговори за прекин на огнот би се запреле незаконските напади од сите страни, би запрел растот на бројката на загинати во Газа и би им се овозможило на хуманитарните агенција во Појасот Газа да достават помош, вода и медицински материјали за да се спасат човечките животи.“
Во соопштението се наведува дека прекинот на огнот „би овозможил болниците во Газа да добијат лекови за спасување на животи, да добијат гориво и опрема која очајно им е потребна.“
„Тоа би овозможило спроведување на независни меѓународни истраги за воените злосторства што ги сторија сите страни: Тоа би помогнало и во ставањето крај на долготрајното неказнување, кое продолжува да произведува нови злосторства“, додаваат од Amnesty International.
Израелската војска ги прошири своите воздушни и копнени напади со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви, но и болници во Појасот Газа, кој се под немилосрдни напади по неочекуваната офанзива на Хамас на 7. октомври.
Во судирите меѓу Израел и Хамас убиени се повеќе од 10.700 луѓе, од кои најмалку 9.277 Палестинци и повеќе од 1.538 Израелци.