Alma Dekovic
25 Октомври 2023•Ажурирај: 27 Октомври 2023
ЊУЈОРК (АА) - Традиционалниот фестивал „The Great Jack O’Lantern Blaze“ започна во долината на реката Хадсон во Њујорк, САД, а на него оваа година се изложени повеќе од 7.000 рачно изработени, осветлени тикви пред Ноќта на вештерките, која се одбележува на 31 октомври, известува Анадолу.
Осветлените тикви се креирани од професионални уметници, а големо внимание на посетителите привлекоа интересните инсталации во облик на Кипот на слободата, ликот на Фрида Кало, еднорог, диносаурус...

Се проценува дека од 2005 година досега, повеќе од 2 милиони луѓе го посетиле фестивалот, кој во моментов се одржува на две локации во Њујорк.
Ноќта на вештерките е ноќта на 31 октомври и спаѓа меѓу најпопуларните празници, првенствено поради костимите што се носат и колачите што се делат.
Иако обичајот на маскирање е најпопуларен во земјите како што се САД, Канада, Австралија, оваа традиција е поприсутна и во останатите делови од светот.
