Merve Aydoğan
14 Февруари 2018•Ажурирај: 14 Февруари 2018
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека ќе нареди воен напад врз локалитетите на кои се наоѓа хемиско оружја во Сирија, доколку се пронајдат докази дека режимот на Башар ал-Асад користел хемиско оружје во нападите врз цивилите, јавува Anadolu Agency (AA).
Во обраќање пред новинарите во Елисејската палата, Макрон изјави дека употребата на хемиско оружје врз цивилите во Сирија е „црвената линија“ на Франција.
Тој изјави дека француските безбедносни сили досега не добиле никаков доказ за употребата на хемиско оружје врз цивилите, додавајќи дека сериозно го следат тоа прашање.
Макрон во петокот телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и побара од него да го повика режимот на Башар ал-Асад да стави крај на неиздржливото влошување на хуманитарната ситуација во Источна Гута и Идлиб.
Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал-Асад презеде неочекувана свирепост врз учесниците на продемократските протести.
Оттогаш, според ОН, во Сирија се убиени над 250.000 лица, а повеќе од 10 милиони лица се раселени.