„Њујорк тајмс“ поднесе тужба против Пентагон, тврдејќи дека „ја ограничува слободата на изразување“
- „Њујорк тајмс“ тврди дека со новите воведени правила против правото на печатот за пристап до информации, Пентагон го прекршува правото на слобода на изразување што е гарантирано со Првиот амандман во Уставот на САД.
ВАШИНГТОН (АА) - „Њујорк тајмс“ поднесе тужба против Министерството за одбрана на САД (Пентагон) за „ограничување на слободата на изразување“, известува Анадолу.
„Њујорк тајмс“ тврди дека со новите воведени правила против правото на печатот за пристап до информации, Пентагон го прекршува правото на слобода на изразување што е гарантирано со Првиот амандман во Уставот на САД.
Во тужбата поднесена против Министерството од раководството на весникот се наведува дека ограничувањата на печатот што ги спроведува Пентагон се спротивни на Уставот на САД.
Во приговорот, подготвен од адвокатите на „Њујорк тајмс“, се критикуваат правилата што бараат од новинарите што сакаат да известуваат за Пентагон да потпишат договор за усогласување со новата регулатива, која наметнува значителни пречки за пристап до извори.
Во соопштението за медиумите на весникот се тврди дека Пентагон има намера да ги затвори вратите за новинарите што сакаат да ги истражат постапките на Министерството за одбрана, истакнувајќи:
„Како што долго време се бориме против администрацијата што се спротивставува на надзорот и одговорноста, имаме цел силно да се спротивставиме на кршењето на овие права.“
- Во Белата куќа и во Пентагон претходно имаа спорови околу акредитацијата
Белата куќа го спречи новинарот на Асошиејтед Прес (АП) да присуствува на прес-конференција со американскиот претседател Доналд Трамп откако претходно објави дека нема да ја употреби фразата „Американски Залив“.
Администрацијата на Пентагон објави дека од некои новински организации, вклучително и НБЦ њуз, „Њујорк тајмс“, НПР и „Политико“, било побарано да ги напуштат своите канцеларии во воената зграда како дел од програмата за ротација спроведена на почетокот на февруари.
Портпаролот на Пентагон, Џон Улиот, во писмо до Здружението за печат на Пентагон, тврдеше дека оваа мерка е неопходна за да им се обезбеди можност на медиумските организации што претходно не ја уживале „привилегијата да работат во физички канцелариски простор во Пентагон“.
Освен тоа, во октомври од новинарите регистрирани во Пентагон се бараше да потпишат нови регулаторни правила што значително го ограничуваат нивното известување.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
