Ahmet Gençtürk
23 Јули 2024•Ажурирај: 24 Јули 2024
АТИНА (АА) - Јазот помеѓу законот и тоа што се случува на терен никогаш не бил толку голем, изјави вчера високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, осврнувајќи се на пресудата на Меѓународниот суд на правдата за израелската окупација и нападите на палестинските територии, јавува Анадолу.
„Никогаш досега тоа што го кажува законот и тоа што се случува на терен не било толку ненадминливо, а сето тоа се случува под будното око на немоќната меѓународна заедница“, рече Борел на прес-конференцијата по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.
Тој посочи дека ЕУ треба да преземе повидливи и порешителни чекори за поддршка на заживувањето на мировниот процес меѓу Палестина и Израел врз основа на решение за две држави.
Во неодамнешното мислење на МСП, како одговор на барањето на Генералното собрание на ОН од 2022 година, се вели дека израелската окупација на Источен Ал-Кудс (Ерусалим) и на Западниот Брег е незаконска и треба да заврши колку што е можно поскоро.
Во мислењето се наведува дека Израел треба да престане со активности на населување и да ги евакуира сите доселеници од окупираната палестинска територија.