свет

„Целосно ги поддржуваме напорите на Африка за мир, стабилност и развој“

„Турција целосно ги поддржува напорите за мир, стабилност и развој на Африка, која зазема значајно место на светската сцена“, се нагласува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција

Zuhal Demirci  | 25.05.2019 - Обновена : 26.05.2019
„Целосно ги поддржуваме напорите на Африка за мир, стабилност и развој“

АНКАРА (АА) - Турција целосно ги поддржува напорите за мир, стабилност и развој на Африка, која зазема значајно место на светската сцена, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерството за надворешни работи на Турција, во писмено соопштение, на народите во Африка им го честита 25 мај - Денот на Африка, годишнината од формирањето на Африканската Унија. 

Во соопштението се потсетува дека по повод овој ден во Турција секоја година се одржуваат различни активности и се додава дека оваа година во рамките на Денот на Африка, на 23 мај, Емине Ердоган, сопругата на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во претседателскиот комплекс организирала ифтарска програма на која гостинка била Зејнеп Абди Муалим, сопругата на претседателот на Сомалија, Мухамед Абдула Фармаџо. 

По повод денот, на ифтарската програма била промовирана книгата „Африканска култура на храна“, која била подготвена со поддршка на сопругите на африканските амбасадори во Анкара. 

„Турција целосно ги поддржува напорите за мир, стабилност и развој на Африка, која зазема значајно место на светската сцена. Во согласност со нашата политика за партнерство со Африка и 3. Самит помеѓу Турција и Африка, кој треба да биде одржан во 2020 година во Турција, ќе продолжиме да ја развиваме нашата соработка и ќе покажеме солидарност со земјите во Африка и Африканската Унија“, се нагласува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.