Şerife Çetin
01 Април 2020•Ажурирај: 02 Април 2020
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Турција со испраќањето медицинска помош на Шпанија и Италија покажала солидарност кон сојузниците, јавува Агенција Анадолија (АА).
Столтенберг на својот профил на Твитер објави фотографија на турскиот воен авион кој ќе достави помош на Шпанија и Италија и истакна дека е активна солидарноста во Северноатлантскиот сојуз.
„Горд сум на тоа што сојузниците испраќаат помош едни на други. Заедно сме посилни“, напиша Столтенберг.
Турскиот воен авион со медицинска помош на Италија и Шпанија утринава полета од воениот аеродром „Етимесгут“ во Анкара.
Турција во знак на помош во борбата против Ковид-19 им подаде рака на Шпанија и Италија, кои во моментов се земји што се најмногу погодени од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и во исто време се епицентар на оваа пандемија во Европа.