Ali Cura
01 Септември 2019•Ажурирај: 02 Септември 2019
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана информираше дека Соединетите Американски Држави (САД) без да ја информираат Русија или Турција извршиле воздушен напад врз Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Руското Министерство во соопштението што го објави во Центарот за помирување на страните во Сирија информираше дека на 31 август во 15:00 часот по московско време, САД извршиле воздушни напади врз населените места Марат Мисрин и Кафр Хаја во подрачјето на Идлиб.
Во соопштението се наведува дека во нападите на САД врз населените места има голем број жртви и големо разорување.
Во продолжение се вели дека САД го довеле во прашање продолжувањето на примирјето и дека тоа е прекршено во голем број подрачја.
„САД не најдоа за потребно да ја информираат Русија или Турција за активностите што ги планираат во Идлиб и спроведените напади се причина за прекршување на сите претходни договори“.
Во соопштението се потсетува дека под иницијатива на Русија и Турција, од вчера наутро во 6:00 часот, воените единици на режимот на Асад прогласиле прекин на огнот, со што се запрени сите летови над Идлиб на Руските воздухопловни сили и Воздухопловните сили на Сирија.
Централната команда на вооружените сили на САД (CENTCOM) соопштувајќи дека „северниот дел на Идлиб станал безбедносна зона за милитантите на терористичката организација Ал Каеда“, потврди дека извршила воздушен напад врз таа точка.