Betül Yürük
01 Ноември 2017•Ажурирај: 01 Ноември 2017
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Постојаниот претставник на Турција во ОН, Феридун Синирлиоглу, на состанокот на Советот за безбедност на ОН на темата „Децата во средини на судири“, рече дека Турција ја споделува загриженоста со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за Извештајот за децата во вооружените судири, јавува Anadolu Agency (AA).
Синирлиоглу истакна дека изменетата сложена структура на судирите предизвика да се зачестат повредите на детските права, при што во судирите во голема мера се користат децата, тие се киднапирани, измачувани и сексуално злоставувани, а нападите врз училиштата и болниците, како и спречувањето на испораката на хуманитарната помош се претворија во модел за напад.
Синирлиоглу ја критикуваше маѓународната јавност дека е неефикасна во спречувањето на смртта на илјадници деца, спречувањето на нападите врз училишта, болниците и пазарите и воздушните напади, и истакна дека се загрижувачки прекршувањата на детските права од страна на терористичките организации како што се ДЕАШ, Боко Харам, ПКК/ПЈД.
За користењето на децата во терористичките активности од страна на ПКК/ПЈД, Синирлиоглу рече: „ПКК/ПЈД и понатаму ги користи децата под 15-годишна возраст во своите терористички напади. Овие одвратни терористички организации ги влечат децата во смрт“.
Синирлиоглу упати повик до меѓународната заедница барајќи од неа да покаже заедничка и стабилна политичка определба со цел да ги заштити децата од судирите. Тој истакна дека Турција е домаќин на 3,3 милиони сириски бегалци и оти лично имал можност да се увери за влијанието на војната врз децата-бегалци.