свет

Обилни дождови предизвикаа големи поплави во Шпанија

- Во неколку часа наврнаа и до 100 литри дожд на еден квадратен метар, а полицијата соопшти дека морала да спасува неколку лица од нивните возила.

Alyssa Mcmurtry  | 29.09.2025 - Обновена : 29.09.2025
 Обилни дождови предизвикаа големи поплави во Шпанија

ОВИЕДО (АА) - Поројните дождови од бурата Габриел денес предизвикаа поплави низ шпанските региони Валенсија, Каталонија и Арагон, јавува Анадолу.

Во неколку часа наврнаа и до 100 литри дожд на еден квадратен метар, а полицијата соопшти дека морала да спасува неколку лица од нивните возила.

Едно од најтешко погодените области беше градот Алдаја во Валенсија, каде што клисурата Ла Салета се излеа од коритото, исфрлајќи вода во централните улици.

Сепак, издржаа бариерите против поплави.

Во градот Куарте де Уерва, во покраината Сарагоса, уште една река се излеа синоќа.

„Сега е малку посмирено, но почетокот беше хаотичен. Се обидуваме да ја процениме штетата“, изјави градоначалничката Елена Лакале за јавниот сервис РТВЕ.

Шпанската метеоролошка агенција издаде црвен аларм за крајбрежјето на Валенсија до полноќ, како и за јужна Тарагона и северна Кастељон до пладне.

Во повеќе од 60 општини низ Медитеранот беа суспендирани наставата и други активности, што ги зафати околу 25.000 деца и нивните семејства.

Транспортот, исто така, беше сериозно нарушен. Железничките линии пријавија доцнења, Метро Валенсија го намали распоредот, а неколку автопатишта беа блокирани од вода. Властите ги повикаа граѓаните да избегнуваат патувања кога е можно.

Шпанија се соочува со сè поекстремни временски настани во последниве години, што научниците го поврзуваат со климатските промени.

Последниве години Шпанија се соочува со сè поекстремни временски настани, кои научниците ги поврзуваат со климатските промени.

Минатиот октомври поројните дождови во истиот регион предизвикаа една од најсмртоносните и најскапите природни катастрофи во историјата на Шпанија, во која загинаа околу 232 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın