свет

„Нема промена во ставот на ЕУ кон Голанската Висорамнина“

- Европската Унија (ЕУ) соопшти дека нема промена во нивниот став за Голанската Висорамнина

Mustafa Deveci  | 22.03.2019 - Обновена : 23.03.2019
„Нема промена во ставот на ЕУ кон Голанската Висорамнина“

ЕРУСАЛИМ / КУДС

Откако претседателот на САД, Доналд Трамп, истакна дека веќе е време целосно да се признае сувереноста на Израел во Голанската Висорамнина, која е под окупација, Европската Унија (ЕУ) соопшти дека нема промена во нивниот став за Голанската Висорамнина, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на прес-службата на Претставништвото на САД во Израел за весникот „Хаарец“ се наведува дека ЕУ продолжува да ја смета Голанската Висорамнина за окупирана територија.

„Нема промена во ставот на ЕУ. Во согласност со меѓународните права, ЕУ не ја признава сувереноста на Израел во регионите кои ги држи под своја окупација од јуни 1967 година, во чии рамки се наоѓа и Голанската Висорамнина, и овие региони не ги смета како дел од Израел“, се вели во ова соопштение.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера на Твитер напиша: „По 52 години, веќе е време за САД целосно да ја признае сувереноста на Израел врз Голанската Висорамнина“.

Израел од 1967 година ја држи под своја окупација Голанската Висорамнина, која ѝ припаѓа на Сирија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın