свет

„Насилствата врз цивилите во Јемен ги надминуваат сите перцепции“

Лисе Гранде, координаторка на OCHA за Јемен, истакна дека насилството врз цивилите во Јемен ги надминува сите перцепции, што е апсолутно неприфатливо

Hamdi Yıldız  | 14.08.2019 - Обновена : 15.08.2019
„Насилствата врз цивилите во Јемен ги надминуваат сите перцепции“

ЈЕМЕН (АА) – Канцеларијата за координација на хуманитарните работи (OCHA) при Обединетите нации (ОН) соопшти дека насилството врз цивилите во Јемен е над сите перцепции и дека тоа е апсолутно неприфатливо, пренесува Anadolu Agency (AA).

По воздушниот напад на Арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија во понеделникот, при што животот го загубија 12 лица, од кои 6 деца, OCHA издаде соопштение преку Твитер во коешто истакна дека во Јемен, директно или индиректно, убиени се 320.000 лица.

Лисе Гранде, координаторка на OCHA за Јемен, истакна дека насилството врз цивилите во Јемен ги надминува сите перцепции, што е апсолутно неприфатливо.

Гранде, укажувајќи дека треба да престане драмата, рече: „Нема ниту една причина народот на Јемен да ги доживува овие проблеми. Многу е тажно што наместо со своето семејство да го слават Курбан бајрам тие примаат сочувство.“

- Хуманитарната криза во Јемен -

Во Јемен, кој се наоѓа во длабока политичка криза, се случуваат конфликти помеѓу Хусите, поддржани од Иран, и владините сили.

Бунтовничкото движење на Хусите го контролира главниот град Сана од септември 2014 година и уште неколку важни региони во земјата од септември 2014 година, додека коалицијата предводена од Саудиска Арабија ја поддржува јеменската Влада од март 2015 година.

Во Јемен илјадници луѓе ги загубија своите животи во судирите што траат пет години. Во Јемен, една од најсиромашните земји во светот, растечката хуманитарна криза поради граѓанската војна достигна големи размери.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın