ИСТАНБУЛ (АА) - ЃУЛСУ ИНЏЕКАЈА -
Директорот на Центарот за истражување на турско-ерменските односи на Универзитетот во Сакарја, проф. д-р Халук Селви, изјави дека најмалку 300 ерменски лобисти и нивни работници заработуваат од „индустрија на геноцид" и дека затоа не може да се очекува Ерменците да се откажат од тврдењата за геноцидот кој наводно го претрпеле за време на Првата светска војна.
Универзитетскиот професор и истражувач Селви во интервју за Anadolu Agency (AA) зборуваше за настаните кои се случиле во 1915 година, како и за ерменско-турските односи.
Што е ерменскиот проблем и зошто со тој проблем се занимаваме од минатиот век?
- Ерменските истражувачи од американските и европските универзитети ја застапуваат тезата за наводниот геноцид врз Ерменците и работат на тоа целата светска јавност да ги прифати тие тврдења. Тоа е политичка пропаганда која ги занемарува историските факти и документи и тоа не е нова пракса. Тоа потекнува уште од минатиот век. Интересно е тоа што европската и американската јавност, предводена од овие политички факти, денес дојде во состојба да ги прифаќа ерменските тврдења.
Во исто време, ерменската дијаспора и Ерменија, како носители на тврдењата за геноцидот против Ерменците, денес соработуваат со силите кои се против Турција и продолжуваат пропаганда со апсолутно уверување дека Турците се одговорни за геноцидот. Ерменците не се задоволуваат само со тоа, со лаги за наводниот геноцид да ја осудуваат Турција, туку во многу земји е овозможено да се процесуираат сите оние кои не веруваат во тврдењата за геноцидот. Ерменската дијаспора успеа во правните системи на многу земји да додаде одредница дека негирањето на наводниот геноцид врз Ерменците претставува злосторство против човештвото. Меѓутоа, оваа голема грешка беше спречена од страна на меѓународните судови.
Кои се вистинските цели на ерменската дијаспора која во земјите на Западот шири пропаганда за наводниот геноцид врз Ерменците?
- Водачот на АСАЛА, Аведикјан, рече дека не може да го види лицето во огледало ако не каже дека бил геноцид. Ова сфаќање е еден од најфрапантните примери на злоупотреба на жртвите за пропагандни цели и темелење на омраза на историските имагинации. На сцена е процесот кој може да се дефинира како стабилизација на имагинарен геноцид. Турција денес се соочува со пропаганда и мит за геноцид кои се од витално значење за ерменската дијаспора.
Ерменците во сите делови на светот го претставуваат тој дух на геноцид кој ги држи на собир и наликува на нивниот национален идентитет. Најмалку 300 ерменски лобисти и нивните соработници живеат од индустријата за геноцид, собираат помош, го чуваат идентитетот и собираат политичката моќ. Затоа, не може да се очекува Ерменците да се откажат од тврдењата за геноцид.
На кои настани се базирани ерменските тврдења за геноцидот?
- Основата на ерменските тврдења за наводниот геноцид се настаните од периодот на владеењето на султанот Абдулхамид Втори, односно настаните кои во повеќе османлиски вилаети се случувале од 1894 до 1894 година, потоа случувањата во Адана од 1909 и преселбите од 1915 година. Сите ерменски историчари и оние кои ги поддржуваат од 1894 година досега се залагале за истиот метод и тврдат дека Османлиската држава врз нив вршела криминална политика и дека со преместување на населението од 1915 година таа политиката ги добила сите карактеристики на геноцид. Овие историчари ги избираат за извори пишувањата на христијанските службеници кои живееле на тие простори или сведочењата на жртвите кои ги преживеале овие наводни злосторства. Меѓутоа, тие не прифаќаат официјални извори како што се официјални документи, преписки и извештаи од тој период.
Колкаво влијание имале земјите на Западот врз бунтот на Ерменците?
- Османлиската држава се распадна во 19 век. Кон крајот на тој век се појавиле многу елементи кои сакале да се отцепат и да станат независни. Со поддршка на Европа и Русија, тие го избрале теророт како средство за борба. Европските медиуми за случувањата во Анадолија и главниот град Истанбул пишуваа како за излив на вистината и притисокот. Ерменските комисии во американските и европските градови ги поддржуваа новинари кои учествуваа во ширењето на пропагандата.
Ерменските комтети ја следеа практиката на револуционерните комитети на Грците, Србите и Бугарите во тогашната Османлиска држава. Следејќи го нивниот пример, успеале во земјата да испорачаат оружје и експлозиви од Русија, Европа и Америка.
Како и во случајот на дејствување на сите други терористички групи, странските врски и стимулации биле водечки и во случајот на ерменските терористички активности кои траеја од почетокот на 19 век во Османлиската држава. Големите сили ги поддржуваа ерменските организации финансиски, со пропаганда и во вооружување со цел да добијат влијание во новонастанатите ситуација на Блискиот Исток и Кавказ. Ерменскиот проблем немаше да дојде во денешната безизлезна ситуација да немаше различни групи во Велика Британија, Русија и САД.
Колку ерменските тврдења се во согласност со научните основи?
- На крајот од сите овие активности, од Турците се бара да ги прифатат тврдењата за геноцидот, за кој како се тврди, го извршиле Турците и кои биле докажани со сигурни докази. Ресурсите и материјалите на кои сакаат да градат историја и да ги мамат луѓето немаат никаква врска со научните и непристрасните пристапи. Затоа, Турците се обвинети за нешто што не го извршиле и се под притисок да прифатат нешто што не го сториле. Турците од американската и европската јавност, кои се претставуваат како непристрасни, слободни и водени од науката, бараат да ги оправдаат овие епитети и заеднички врз основа на науката да ги анализираат настаните од минатото.
Што мислите за барањата за извинување и признание кои на Турција и се наметнуваат во врска со настаните од 1915 година?
- Официјалните бројки покажуваат дека во Анадолија во 1915 година имало најмногу 1,1 милион Ерменци. Денес ерменската страна се залага за идејата дека 1,5 милиони Ерменци се убиени, негирајќи ги официјалните податоци. Спротивно на тоа, Ерменците уништија ист број на Турци во Анадолија и Кавказ.
Ерменските тврдења за геноцидот кои на Турција и се наметнуваат во контекст на низата настани од 1915 година и барањата Турција да ги признае тие тврдења и да се извини за тоа, не се ништо друго освен продолжување на политика на притисок и ограничување на Турција. Извинување за овие настани би значело занемарување и негирање на целата турска историја.
Што е вистинската цел на политиката на Западот кој ја поддржува Ерменија?
- Денеска помеѓу Турција и Ерменија постојат три важни проблеми, тврдења за геноцид, проблем во Карабаг и оспорување на територијалниот интегритет и границите на Турција.Без решавање на тие проблеми, невозможно е да се поправат односите помеѓу двете земји. Земјите на Западот, во прв ред Франција и САД, ја поддржуваат Ерменија за да дојдат до поголемо влијание на Кавказ. Прокламираат проерменска политика и извршуваат ерменски барања во врска со Турција.
Најдобра политика која Турција може да ја примени кон Ерменија би била да му се приближи на ерменскиот народ во таа земја и да го ослободи од влијанието на неговата дијаспора. Без таков пристап ќе продолжи ситуацијата каква што ја имаме веќе три децении.
Можеме ли да речеме дека ерменските лобисти истовремено ги реметат турско-ерменските односи, но и го саботираат влегувањето на Турција во Европската унија?
- Противниците на турското членство во ЕУ создадоа пречки штом Турција рече дека сака интеграција. Ерменскиот проблем беше еден од главните пречки. Противниците на членството на Турција во ЕУ сфатија дека Турците никогаш нема да ги признаат ерменските тврдења за геноцид и затоа тој проблем го препознаа како долгорочно средство за блокада на интеграцијата. САД сакаат да ги донесат Турција и Ерменија на маса за да се надминат проблемите и во најмала рака да се завршат непријателствата, но и за да самите САД се ослободат од притисоците на ерменското лоби. Протоколите потпишани на 10. октомври 2009 година беа показател на таквата политика. Меѓутоа, тие оптимистични пристапи се поражени со волјата на 3,5 милиони ерменски дијаспорци, спроти слабата Ерменија во која живеат 2,5 милиони луѓе. Протоколите се поништени.
Секој 24 април се спроведуваат пропагандни активности за наводен геноцид, а дали тоа има директно влијание и на надворешната политика на Турција?
- И покрај покажаната добра волја на Турција, Ерменија продолжува на сите платформи, од парламенти до јавноста, ширум светот да води кампањи против Турција и Турците и сето тоа го пласира под плаштот на тврдења за геноцид. Паралелно со тоа, бара од Турција да укине санкции кои ѝ ги наметнала, а истите ги користи и како средство за притисоци на Турција со посредство на САД и ЕУ.
Доколку постои желба денеска да се градат добрососедски односи помеѓу Турција и Ерменија, потребно е да се инсистира на взаемно признавање на територијален интегритет и граници, а не на еднострани барања за извинување. Во спротивно, продолжување на барањата за извинување нема да донесат резултати бидејќи за тоа нема основа. Република Турција и Турците немаат ниту правна, ниту историска основа да им се извинуваат на Ерменците.
Ерменците во минатото страдаа како средство на големите сили. Се чини дека ниту денеска не ја извлекоа пораката од историјата и сеуште се средство на големите сили кои спроведуваат активности против Турција. На Ерменците тоа нема да им донесе ништо добро, токму како што не донело ниту во минатото. Нивната среќна иднина е во пријателски односи со Турците.
news_share_descriptionsubscription_contact
