свет

Илјадници евакуирани поради огромен пожар што го зафати јужниот дел на Филипини

„Надлежните сѐ уште ги истражуваат причините за избувнување на пожарот”

Riyaz Khaliq Khaliq  | 04.02.2026 - Обновена : 05.02.2026
 Илјадници евакуирани поради огромен пожар што го зафати јужниот дел на Филипини

ИСТАНБУЛ (АА) – Поради огромниот пожар што се рашири низ помал остров на јужниот дел на Филипини, населението беше принудено да ги напушти своите домови, јавува Анадолу.

Пожарот избувна во вторникот вечерта, околу 21:30 часот по локално време, изјави за Анадолу жител на Ламион, Бонгао, во округот Тави-Тави, во регионот Бангсаморо.

Локалните власти процениле штета на повеќе од 1.000 мали куќи што биле зафатени од огнот, а 5.000 лица биле принудени да ги напуштат домовите.

Видеото, објавено на американската компанија за социјални мрежи, Фејсбук, од профилот S/B F&M SeaJet, прикажува како пламените јазици го опфаќаат подрачјето на куќите над вода.

На пожарникарите им беа потребни повеќе од четири часа за да ги изгаснат пламените јазици.

„Надлежните сѐ уште ги истражуваат причините за избувнување на пожарот”, изјави жител, кој сакаше да остане анонимен.

Тој додаде дека жителите складираат бензин и друг вид горива увезени од Малезија.

„На ова подрачје тоа е многу вообичаено бидејќи е нивен извор на егзистенција. Иако причината за пожарот сѐ уште не е откриена, голема е можноста тоа да е причината, но останува да видиме”, изјави жителот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın