свет

Излезни анкети: Опозициската Нова Демократија води на изборите во Грција

Партијата ќе има од 155 до 167 пратеници во грчкиот Парламент кој брои 300 пратенички места, покажуваат анкетите

Fatih Hafız Mehmet  | 07.07.2019 - Обновена : 08.07.2019
 Излезни анкети: Опозициската Нова Демократија води на изборите во Грција

АНКАРА (АА) - Изборните анкети од денешните предвремени општи избори во Грција покажуваат дека најголемата опозициска партија Нова демократија (НД) ќе победи на изборите и дека ќе може да формира влада самостојно, пренесува Anadolu Agency (AA). 

Според излезните анкети емитувани на грчката телевизија ERT1, конзервативната Нова демократија ќе добие помеѓу 38 и 42 отсто од гласовите. 

Партијата ќе има од 155 до 167 пратеници во грчкиот Парламент кој брои 300 пратенички места, покажуваат анкетите. 

Сегашната владејачка Коалиција на радикалната левица (Сириза), од друга страна, станува главна опозициска партија, со освоени од 26,5 до 30,5 отсто од гласовите. 

Според анкетите, другите три партии, Движењето за промени, Комунистичката партија на Грција (ККЕ) и MeRA25 на поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис, исто така, ќе го преминат изборниот праг од 3 отсто и ќе избираат пратеници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın