„Земја на огнот и мразот“ - Исланд секоја година пречекува илјадници туристи
Во стремежот за зачувување на оваа кревка убавина, надлежните преку политиките за одржлив туризам, имаат за цел да ја заштитат природната средина, но и да ги зголемат приходите од туризмот
РЕЈКЈАВИК (АА) - Исланд, кој се наоѓа на линијата на раздвојување на евроазиските и северноамериканските тектонски плочи, со својата природа каде коегзистираат интензивната вулканска активност и глацијалните формации, секоја година е домаќин на илјадници туристи, пишува Анадолу.
Оваа островска држава лоцирана во Северниот Атлантик, со својата динамична структура дефинирана како „Земја на огнот и мразот“, се издвојува како важен центар и за природниот туризам и за научните истражувања.
Низ неговите пространства, активните вулкани, полињата со лава, гејзерите и изворите на топла вода се открива геотермалниот потенцијал на земјата, а овие извори истовремено играат важна улога во производството на енергија.
Исланд е меѓу земјите кои голем дел од своите потреби за електрична енергија и греење ги задоволуваат од обновливи извори на енергија.
Од аспект на туристичкиот сектор, земјата продолжува да го привлекува вниманието на посетителите со поларната светлина, ледените пештери и уникатните природни пејзажи. Во стремежот за зачувување на оваа кревка убавина, надлежните преку политиките за одржлив туризам, имаат за цел да ја заштитат природната средина, но и да ги зголемат приходите од туризмот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
