Ata Ufuk Şeker
05 Октомври 2016•Ажурирај: 06 Октомври 2016
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) заостана многу зад планираното распределување на азилантите кои се наоѓаат во Грција и во Италија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Европската комисија до кои дојде дописникот на АА, во Италија и во Грција се наоѓаат вкупно 160.000 азиланти, кои до 27 септември 2017 година треба да бидат распределени во останатите земји-членки на ЕУ. Но и покрај оваа одлука, заклучно со 27 септември оваа година, во земјите-членки на ЕУ досега се сместени само 5.651 азилант, од кои 196 во Италија, а 4.455 во Грција.

Австрија, Данска, Полска и Унгарија досега не прифатија ниту еден азилант од Италија или од Грција.
Покрај тоа, досега во дел од земјите-членки на ЕУ се сместени само 3 азиланти во Словачка, 6 во Бугарија, 12 во Чешка, 14 во Хрватска, 39 во Шведска, 49 во Естонија, 50 во Малта, 69 во Ирска, 74 во Словенија и 86 азиланти во Литванија.
- Најмногу азиланти прифати Франција, но бројката не е поголема од 2.000 -
Франција е земја-членка на ЕУ којашто прифати најголем број азиланти. Во Франција се сместени 952 азиланти, но според решението на ЕУ, Франција треба да прифати 19.714 азиланти.
По Франција, според бројот на примени азиланти следува Холандија со 726, потоа Финска со 690, Португалија со 555 и Шпанија со 363 азиланти.
- Германија прифати само 215 азиланти -
Според целите на ЕУ, до септември 2017 година, Германија треба да прифати 27.536 азиланти, но досега Германија од Италија и од Грција прифати само 215 азиланти.
Според новиот план на ЕУ за распределување на азилантите во земјите-членки на Унијата, до септември 2017 година, од Италија и од Грција треба во Шпанија да се префрлат 9.323 азиланти, 6.182 во Полска, 5.947 во Холандија, 4.180 во Романија, 3.812 во Белгија, 3.728 во Шведска.
Покрај донесената обврска од страна на ЕУ, земјите на Унијата се многу далеку од обврската што им беше дадена во врска со приемот на азиланти.
Бројки за новосместените азиланти во земјите на ЕУ од 27 септември досега:
| Земја | Број на азиланти |
| Австрија | 0 |
| Данска | 0 |
| Унгарија | 0 |
| Полска | 0 |
| Словачка | 3 |
| Бугарија | 6 |
| Република Чешка | 12 |
| Хрватска | 14 |
| Шведска | 39 |
| Естонија | 49 |
| Малта | 50 |
| Грчката адм. Јужен Кипар | 52 |
| Ирска | 69 |
| Словенија | 74 |
| Латвија | 76 |
| Литванија | 86 |
| Швајцарија | 112 |
| Луксембург | 124 |
| Белгија | 182 |
| Романија | 202 |
| Германија | 215 |
| Шпанија | 363 |
| Португалија | 555 |
| Финска | 690 |
| Холандија | 726 |
| Франција | 1.952 |
| Вкупно | 5.651 |