Şenhan Bolelli
02 Февруари 2022•Ажурирај: 03 Февруари 2022
МАДРИД
Шпанскиот весник „Ел паис“ (El Pais) во врска со руско-украинската криза напиша дека САД и НАТО на 17 декември ѝ понудиле на Русија договори за разоружување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Весникот „Ел паис“ ја сподели содржината на писмените документи испратени од САД и НАТО до Русија на 17 декември.
Во доверливите документи што САД и НАТО ги испратиле одделно до Русија, како што пишува во веста, се предлагаат договори за разоружување и се дава порака дека може да се преговара за „мерки на заемна доверба“, под услов Русија да ги намали воените закани кон Украина.
Во двата документи САД и НАТО ги отфрлија предлогот за потпишување билатерален безбедносен договор со Русија и предлогот НАТО да ги затвори вратите за Украина.
„Намалувањето на воените тензии во и околу Украина ќе биде основа за значителен напредок“, пишува во документот на НАТО, и се додава: „Русија веднаш да ја намали тензијата на проверлив, навремен и траен начин.“
НАТО ја обвини Русија дека „ја нарушува довербата за соработка во опкружувањето и ги оспорува основните принципи на глобалната и евроатлантската безбедносна архитектура“.
Во документот на САД, исто така се наведува: „Ја поддржуваат политиката на НАТО да ги држи отворени вратите и правото на државите да ги избираат своите договори.“
САД, исто така, на Русија, која сака гаранции за Украина да не влезе во НАТО, ѝ предложи да разговараат за концептот на „неподеливост на безбедноста“.