свет

Европската Унија воведе нови санкции кон Белорусија

„Советот на ЕУ одлучи да додаде 17 поединци и 11 ентитети на црната листа на ЕУ поради кршење на човековите права“, објавија во соопштение институциите на ЕУ кои ги претставуваат земјите членки

Ekipa  | 03.12.2021 - Обновена : 04.12.2021
 Европската Унија воведе нови санкции кон Белорусија Белорускиот претседател Александар Лукашенко во посета на мигрантите на границата. (Фото: Sefa Karacan/AA)

БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) воведе нови санкции против Белорусија, таргетирајќи ги нејзините национални авиокомпании и туристички компании како одговор на миграциската криза на границите на Европската Унија (ЕУ) со земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Советот на ЕУ одлучи да додаде 17 поединци и 11 ентитети на црната листа на Блокот поради кршење на човековите права“, објавија во соопштение институциите на ЕУ кои ги претставуваат земјите членки.

„Петтата рунда санкции се насочени кон „високи политички функционери на режимот на Лукашенко, како и компании (како „Белавија ерлајнс“), тур-оператори и хотели кои помогнале во поттикнување и организирање илегални гранични премини преку Белорусија кон ЕУ и на овој начин учествувале во злоупотребување на миграцијата за политички цели“, се вели во соопштението.

Истакнати членови на судството и државните пропагандни места, исто така, беа ставени на црната листа за нивниот придонес во „репресијата на граѓанското општество, демократската опозиција, независните медиуми и новинарите“, се вели во соопштението.

Со новите податоци зголемен е и бројот на поединци кои се цел на замрзнување на имотот и забрана за патување на 183.

Покрај тоа, Блокот им забранува на операторите на ЕУ да ставаат средства на располагање за вкупно 26 белоруски ентитети.

Земјите на ЕУ што граничат со Белорусија -- Литванија, Летонија и Полска -- пријавија драматичен пораст на бројот на нерегуларни премини од август.

Над 8.000 луѓе се обиделе да влезат во Блокот преку границата на Белорусија со ЕУ досега оваа година, што е значително повеќе од само 150 минатата година.

ЕУ го обвинува белорускиот претседател Александар Лукашенко дека се одмаздува за санкциите од ЕУ наметнати на неговиот режим поради кршењето на човековите права поврзани со задушувањето на протестите против наместените претседателски избори минатата година, принудното пренасочување на летот на „Рајанер“ до главниот град Минск во јуни и притворот на белорускиот новинар Раман Пратасевич.

Според ЕУ, белорускиот режим допре до потенцијалните патници преку навидум официјални канали и ги покани во Белорусија нудејќи визи и водејќи ги до границата на ЕУ.

НАТО и ЕУ сметаат дека пристапот на Белорусија со мигрантите е хибриден напад со цел да се дестабилизира и поткопа безбедноста во европските земји преку невоени средства.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın