свет

„Би сакале да постигнеме договор на претстојниот состанок на ЕС за преговорите со С. Македонија и Албанија“

Германската канцеларка истакна дека не само земјите на Западен Балкан, туку и ЕУ ќе има голем бенефит од интеграцијата на регионот во блокот

Ayhan Şimşek  | 27.01.2020 - Обновена : 28.01.2020
„Би сакале да постигнеме договор на претстојниот состанок на ЕС за преговорите со С. Македонија и Албанија“

БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка, Ангела Меркел, ја повтори поддршката за отворање преговори за членство во Европската Унија (ЕУ) за Северна Македонија и Албанија на почетокот на оваа година, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во обраќањето кон новинарите пред средбата со албанскиот премиер, Еди Рама, во Берлин, Меркел потенцираше дека Германија силно ја поддржува европската перспектива на Албанија и останатите земји од Западен Балкан.

„Би сакале да постигнеме договор на претстојниот состанок на Европскиот совет во март за отворање на преговорите за членство во ЕУ за Албанија, а исто така и за Северна Македонија“, изјави Меркел, додавајќи дека двете земји имаат направено значаен напредок во последните години.

Таа посебно го пофали напредокот на Албанија во полето на судските реформи и нагласи дека прашањата поврзани за владеењето на правото ќе продолжат да играат важна улога во текот на периодот за пристапување на земјата во ЕУ.

Меркел, исто така, рече дека не само земјите на Западен Балкан, туку и ЕУ ќе има голем бенефит од интеграцијата на регионот во блокот.

„Ќе биде добро за сите нас ако еден ден земјите од Западен Балкан станат земји членки на Европската Унија“, рече таа.

Минатата година Франција го блокираше отворањето на преговори за членство во ЕУ на Северна Македонија и Албанија, тврдејќи дека двете земји треба да спроведат повеќе реформи пред започнувањето на преговорите.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.