Dzihat Aliju
23 Април 2024•Ажурирај: 25 Април 2024
СКОПЈЕ (АА) - Во Амбасадата на Туркије во Северна Македонија беше организирана програма за децата по повод 23 април, Денот на националниот суверенитет и Денот на детето, јавува Анадолу.
По повод 23 април, турскиот амбасадор во Скопје, Фатих Улусој, во просториите на Амбасадата ги прими учениците од паралелките на турски јазик во земјава, како и со оние од училиштата на Турската Фондација Маариф во Северна Македонија.
Улусој разговараше со учениците, кои се претставија со свои песни и цртежи по повод овој ден. На оваа активност учествуваа и училишни наставници, претставници на турските институции во земјава и други претставници на Амбасадата.
Во рамки на активностите, амбасадорот Улусој симболично ѝ ја предаде задачата на една ученичка и ги ислуша нејзините мисли.
Зборувајќи за медиумите, Улусој рече дека денеска се сретнале со учениците од училиштата во кои образованието се одвива на турски јазик како и со учениците од училиштата на Турската Фондација Маариф.
Тој истакна дека учениците одржале многу значајни говори: „Денес ги прашавме за значењето на 23 април, зошто Ататурк им го посвети 23 април и зошто се чувствуваат среќни кога го одбележуваат овој ден. Дадоа многу добри одговори“.
Улусој рече дека ќе продолжат со поддршката на активностите на децата. „Нашите деца се нашата иднина. Како Амбасада, сите бевме среќни што организиравме ваква активност со нив за 23 април“, додаде турскиот амбасадор.
- Во Скопје се одржа програма за одбележување на 23 април, Денот на националниот суверенитет на Туркије и Денот на детето -
Вечерва во Домот на АРМ во Скопје беше организирана програма по повод 23 април, Денот на националниот суверенитет и Денот на децата.
На настанот организиран од Институтот Јунус Емре Скопје и Здружението за образование и истражување „Несил“, и поддржан од Трговскиот центар Рамстор, присутствуваа турскиот амбасадор Фатих Улусој, претставници на турските институции и организации во земјата како и многу деца и нивните родители.

Во рамките на програмата, различни уметнички излагања имаа ученици од основните училишта во Скопје во кои што наставата се одвива на турски јазик.
Во рамките на програмата, продуцентот на содржини на Јутјуб, Сертач Ѓунѓор, познат како „Сертач Аби“, им одржа презентација на децата на темата „Вистинското лице на Јутјуб и игрите“.
Координаторот на Институтот Јунус Емре Скопје, Талип Ердоган, во изјава за АА се осврна на важноста на 23 април и потсети дека овој посебен ден го прославиле заедно со нивните сонародници во Скопје.
Истакнувајќи дека Институтот Јунус Емре организира настани во 90 различни центри во светот, Ердоган рече: „Денес можеме да кажеме дека нашиот настан е хумористична емисија организирана од наш пријател јутјубер за да ги забавува децата“, додаде Ердоган.
Државниот празник на Туркије - Денот на националниот суверенитет и Денот на детето се одбележува на 23 април, ден кога во 1920 година е отворено Големото народно собрание на Република Туркије.
На денешен ден во 1924 година е одлучено денот на формирањето на Големото народно собрание да се одбележува како државен празник. Пет години подоцна, на 23 април 1929 година, тој празник им е подарен на децата.
Од 1929 година се одбележува како Ден на националниот суверенитет и во истовреме како Ден на детето.