Sayed Khodaberdi Sadat
07 Февруари 2016•Ажурирај: 07 Февруари 2016
МЕЗАР-И ШЕРИФ (АА) - Талибанските милитанти пресретнаа два патнички автобуси во северниот авганистански регион Мирзакум и киднапираа вкупно 100 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на полицијата во покраината, Фарјаб Саиф Ака Андераби за АА изјави дека талибанците киднапирале патници на два автобуса кои сообраќале на релација Фарјаб-Кабул.
Истиот извор јавува дека талибанските милитанти по неколку часа ги ослободиле сите освен двајца од киднапираните патници.
Киднапираните патници се цивили и талибанците ги однеле во непознат правец.
Андераби соопшти дека е покрената опсежна операција со цел ослободување и на останатите двајца киднапирани патници.
Милитантното талибанско движење досега не го коментираше случајот.