Dildar Baykan
27 Август 2019•Ажурирај: 28 Август 2019
ВАШИНГТОН (АА) - „Џонсон енд Џонсон“ (Johnson & Johnson) ќе мора да плати отштета од над 572 милиони долари за поттикнување епидемија на опиоиди во Оклахома, пресуди судијата во оваа американска сојузна држава, јавува Anadolu Agency (AA).
Фармацевската фирма ќе ѝ плати на Оклахома 572 милиони долари поради создавањето прекумерна залиха на лекови против болки.
„Од 2000 година, околу 6.000 лица во Оклахома починаа од предозирање со опиоиди“, тврдат државните адвокати.
Судот во Кливленд ја објави пресудата за „Johnson & Johnson“ поради предизвикување на најголемата „опиоидна“ криза.
Опиоидите се употребуваат и како лекови против болки. Природните опиоиди се алкалоиди добиени од лековити растенија, од кои најпознат е морфинот.