Ekipa
17 Април 2018•Ажурирај: 17 Април 2018
ПАРИЗ (АА) - Се очекува околу 30 отсто од летовите на „Air France“ денес да бидат откажани поради штрајк на работниците кои бараат покачување на платите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Авионската посада и персоналот на земјата ќе штрајкуваат осми ден од февруари оваа година. Бараат зголемување на платата од 6 %, бидејќи нивните примања се замрзнати уште од 2011 година.
Управата на компанијата „Air France“ вчера понуди зголемување на платите од 2 % оваа година, а потоа и зголемување од 5 % во наредните три години. Синдикатите до крајот на неделата имаат рок да одлучат дали ќе ја прифатат понудата на раковдството на компанијата.
Главниот синдикат на пилотите „SNPL Air France“ денес објави дека понудата не ги исполнува нивните барања.
Околу 45 отсто од долгите летови и околу 35 отсто од средните ќе бидат откажани до и од Париз.