Betül Yürük,Tayfun Salcı
19 Април 2016•Ажурирај: 20 Април 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Стефан де Мистура, вчера во Женева потврди дека делегацијата на сирискиот опозиционен Висок преговарачки комитет (HNC) упати официјална одлука за одложување на мировните преговори за Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Сепак, им истакна на новинарите дека делегацијата на Високиот преговарачки комитет и понатаму ќе остане во Женева.
Додаде дека за техничките прашања ќе разговараат вон преговорите кои се водат под покровителство на ОН.
На крај изрази загриженост од ескалацијата на судирите во Алепо како и поради спорната достава на хуманитарна помош во со војна зафатената земја.
Инаку, делегацијата на сирискиот опозициски Висок преговарачки комитет (HNC) вчера соопшти дека донел одлука за еднострано одложување на мировните преговори во Женева.
Претставниците на Високиот преговарачки комитет ја донеле одлуката за едностраното одложување на преговорите го донеле поради кршење на примирјето и стопирањето на доставата на хуманитарн помош во Сирија.
Да потсетиме, во Женева во средата започна нов круг мировни преговри за Сирија на кои ќе се направат обиди за изнаоѓање решение за Сирија.
Првиот ден од преговорите во седиштето на Обединетите нации (ОН) специјалниот пратеник на ОН за Сирија одржа состанок со делегацијата на опозициониот Висок преговарачки комитет. Состанокот е одржан зад затворени врати и траеше околу два часа.
Во текот на новиот круг преговори, најмногу ќе се разговара за процесот на политичка транзиција на со војна зафатената Сирија.