Aybala Arpacı
01 Септември 2016•Ажурирај: 02 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот Бинали Јилдирим одржа говор на свечениот ручек во чест на Меѓународната парламентарна асамблеја на председатели во резиденцијата Чанкаја, јавува Anadolu Agency (AA).
Во врска со случувањата на 15 јули при обидот за државен удар од страна на ФЕТО, Јилдирм рече:
„Мислам дека имате доволно информаци за случувањата на 15 Јули при обидот за државен удар. Претпоставувам дека веќе ви е многу јасно дека терористичката организација ФЕТО е толку нечовечка што може да отвори оган и врз цивилите. Со бомбрадирањето на собранието самите бевте сведоци на непријателството кон демократијата на терористичката организација ФЕТО. За жал при овој низок обид за државен удар 241 лица херојски загинаа и 2.194 други лица се ранети. Најверојатно не е виден сличен напад во светот, кој би наликувал на нападот кој беше извршен врз демократијата и турскиот народ. Нашиот народ јасно застана против овој подол напад и доживеа ноќ на која идните генераци ќе се потсеќаат со гордост. Турскиот народ ноќта на 15 јули поради верувањето и љубовта кон татковината и демокртија, застана пред тенковите и авионите. Без разлика на политичките ставови, нашиот народ застана заедно против овој подол обид.“
- „Оние кои сакаа да извршат државен удар, добија удар од народот“
„Сѐ е завршено кога некој се обидува да ја острани демократијата, кога се обидива да ја контролира државата и кога некој се обидува да ни ги уништи вредностите кои нас не прават тоа што сме. Остранети се разликите, сега е ангажирана нашата заедништво", рече премиерот Јилдирим во продолжение на својот говор.
„Нашите граѓани кои со овие чуства излегоа на плоштадите, застанувајќи пред куршумите и бомбите, му рекоа „стој" на државниот удар. Народот изврши удар врз оние што сакаа да извршат државен удар. Додека траеше дежурството за демократија, нашиот народ зборуваше во еден глас и стана едно тело, и на целиот свет му извикавме „ние сите заедно сме Турција“. Секоја држава има право да се брани од вакви видови на ниски одбиди. Наше природно право е да ги користиме сите наши одбранбени механизми во рамките на границите на демократијата. Во демократијата никој не може да остане глув на очекувањата и повиците на својите граѓани. Ние, имајќи ги предвид нашите меѓународни обврски, одговоривме на овие повици. Направивме сѐ уште еднаш да не се случат вакви обиди и продолжуваме во напорите во тој правец.“
- „Можеби задоцнета, но сепак е победа"
„Сакам да потенцирам дека доживеаа лошо искуство. Посакуваме ова болка да не ја доживее никој од нашите пријатели. Затоа овој обид за државен удар на некој начин е и поука. За нив ова беше избор меѓу демократија и антидемократија. Нашите вистински пријатели ние веднаш ги видовме, но некои земји којшто ги сметавме за пријателски не покажаа храброст да реагират. По неколку дена ситуацијата почна позитивно да се враќа, дури да е доцна оваа сепак е една победа. Ова е победа за иднината, демократијата и волјата на народот“, истакна премиерот Јилдирим.
Јилдирим во врска со демократските вредности, истакна дека државите кои жестоко критиукуваа и за најмала грешка, „истите држави не покажа храброст да ја бранат демократијата којашто беше нападната и со нивното молчување на некој начит го подржуваа државиот удар. Ова е за жалење и е загрижувачко за иднината на светот. Во заштитата на демократските вредности, никогаш нема да ги прифатиме двојните стандарди."
- „Нашите очекувања од Вас...“
Обраќајќи им се Меѓународната парламентарна асамблеја на председателите, Јилдирим рече:
„Поддшката што и ја дадовте на Турција и тоа што во овие тешки денови сте тука со нас покажува и е знак на вашата солидарност. Вие дојдовте тука по повикот од Големото народно собранија на Турција. За нас ова е многу важно. Нашите очекувања од вас се да ги раскажете случувањата во Турција, и како по цена на живот, турскиот народ ја бранеше демократијата таа темна ноќ. Не само во Меѓународната парламентарна асамблеја на председателите која што вие ја претставувате, ова треба да го раскажете и во своите земји и парламенти. Уште еднаш ви се заблагодарувам за дадената поддршка и покажаната солидарност".